Идните невести ќе имаат уште една шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот „Брајдал фешен најт“ закажан на 4 февруари, во хотелот „Мериот“ во Скопје.
– Венчавката претставува еден од најважните денови во животот на една жена. Откако ќе кажете да, сосема е сигурно дека сте преокупирани со организацијата на вашата венчавка од соништата. Бидејќи сме добро запознаени со овие околности, организираме настан каде што идните невести ќе имаат можност одблизу да се запознаат со најновите креации на модните дизајнери на венчаници, како и со целосната организација на венчавките од страна на посветениот тим на хотелот „Мериот“. Не пропуштајте ја шансата да се инспирирате за изгледот на вашата идна свадбена ноќ, на вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и сѐ она што е потребно за организирање на свадбениот ден – информираат организаторите на „Брајдал фешн најт“, односно „Моден викенд Скопје“ и „Мериот“.
За „Ноќта на невестите“ е најавена новата колекција на венчаници од „Ана Бора Ателјер“, „Мина Фешн“, „Мариа Антонета“, „Матронс“ и „Џеј-зи-џеј бај Златко Јовановски“. Како и нова колекција на несекојдневни фустани од свежо цвеќе на арт-студиото за цвеќе „Фа-бу“.
– Идните невести што сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат нивно име и презиме, возраст, местата што ги земаат како предвид за организирање на свеченостa, датумот на истата таа, како и кратка верзија на љубовната приказна на следниот линк/формуларот на https://bit.ly/2W2CYLc најдоцна до 1 февруари – апелираат од „Моден викенд“.
Специјален гостин на ревијата ќe биде поп-пејачката Фјола Морина.