Фото: Андреја Котески

Успешно претставување на Македонија на
„Тера мадре салоне дел густо“

Филип Димкоски, наш специјален известувач од Торино

Четиринаесеттото издание на „Тера мадре салоне дел густо“, еден од најеминентните светски собири за храна и земјоделство,што се одржа во паркот “Дора”, во Торино, Италија, од 22 до 26 септември,е зад нас. На годинешниот Саем на храна автентични производи од светот изложија 700 изложувачи, а со 3.000 делегати се претставија 130 држави.

Македонија беше претставена од педесет делегати, членови на „Слоу фуд Македонија“ и на македонските конвивиуми во градовите, агрономи, новинари, готвачи, активисти, фотографи и сниматели, љубители на добрата голтка и вкусниот залак, свесни за важноста на добрата, чиста и праведна храна.

Македонскиот павиљon беше отворен во присуство на македонскиот амбасадор во Рим, г-н Весел Мемеди и постојаниот преставник на Македонија во ФАО, Лидија Попандонова.

Фото: Андреја Котески

– Ова е голем успех за македонското земјоделство и македонската храна. Несормно ќе кажам дека го имаме еден од најубавите павиљони и не само што се служат прекрасни производи и јадења, туку песната и веселоста исто така ја претставува нашата култура. Јас се радувам што овде не препознаваат по Светите браќа Кирил и методиј и по Мајка Тереза, но секако дека не препознаваат и по нашата храна и вино. Како амбасада продолжуваме да поддржуваме се што значи претставување на Македонија и се залагаме за вмрежување на македонското земјоделство и бизнис секторот со италијаснкиот пазар- истакна амбасадорот Мемеди.

Фото: Андреја Котески

Здружението за одгледување на автохтона македонска раса овци праменка-овчеполка и земјоделската задруга „Еко овчеполка“ во соработка со „Слоу Фуд Македонија“, го претставија најголемиот извозен бренд на Македонија во Италија, македонското јагне, како и овчкото бело сирење.

Фото: Андреја Котески

– Посетителите доаѓаат на македонскиот павиљон, уживаат, го дегустираат месото и сирењето и потоа го пополнуваат прашалникот и даваат оценки за квалитетот. Досега, според пристигнатите резултати, оценките се високи, постои голем интерес и се надевам дека од следната година нашиот нов бренд органско јагне од овцата праменка-овчеполка ќе се најде на италијаснкиот пазар. Остваривме средба со факултетот за гатрономија на Слоу Фуд, и договоривме идни соработки преку размена на студенти и едукациј а- изјави претседателот на здружението и на задругата Моме Младеновски.

Фото: Андреја Котески

Вистинско кулинарско шоу на македонскит павиљон, приреди Наташа Неданоска од домаќинската куќа „Пирустија Неданоски“, од охридското село Рамне, претставувајќи ја традицијата на сучење охридски комат пред многубројната публика која постојано надоаѓаше да ја следи работилницата „Учиме да сучиме“.

– Запеав македонски и охридски песни и нашиот павиљон се наполни со луѓе од секаде, а дел од нив изразија желба со мене да сучат. Тоа е и целта на мојата работилница. Овие денови гледаме само среќни и насмеани лица, задоволни не само од моите производи туку од производите на сите македонски производители што се претставија. Мирисот ги привлече псоетителите да останат до крај и да исчекуваат коматот да излезе од фурна за да го вкусат – рече Наташа Неданоска од Пирустија Рамне.

Фото: Андреја Котески

Во петте програмски денови, Македонија се претстави со националните јадења: тавче гравче, прилепски ширден, валандовски чурек, слатко од диви смокви, макало со лук, специјалитети со артичока, слатко од домати, охидски комат, буковска пипер, мед од Дихово, овчеполско јагне, гостиварски сувоменсати производи, шарпланински овчки кашкавал, сирење, природна козметика, пчелни поризводи, ајвар, македонско вино, домашно пиво, кремови и масло од лешник…Во рамките на „Слоу фуд едукацијата“, пак, беше претставена и програмата „Училишни градини“ која досега ја резлираат дваесет македонски училишта.

Фото: Андреја Котески

„Тера мадре салоне дел густо“ е сериозна можност за размена на иксуства, знаења и вештини, а успешното претставување на Македонија, се очекува да резултира со поголема отвореност на европскиот и светскиот пазар за македонските производи.