Фото: Ка. М

Синоќа во Прилеп започна манифестацијата Прилеп бир викенд. Во центарот на
градот, на булеварот „Гоце Делчев“ поставени се шаторите на кои се точи пиво и се мези вкусна скара. Првата вечер настапија DJ Марио, Наум Петрески, Бојана Скендеровска и групата Вангог.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, изјави дека фестивалот носи бенефит
за градот, и затоа со посебна одлука е продолжено и работното време на трговците и
дуќанџиите.

На првата вечер, беше весело, а организаторот, Дарко Крстески, вели дека во трите
дена, до кога трае пиво викендот, до недела вечер, очекуваат од 50. 000 до 60. 000
посетители.

Прилепчани, а и гостите се забавува синоќа со убава музика за сите возрасти.
Вечерва на втората вечер настапуваат Таско, Огнен Здравковски, СуперХикс,
TomNovi. На последната вечер в недела, посетителите ќе уживаат во настапите на DJ
Bono, Миле Кузмановски, Сања Вучич и Амадеус Бенд.