Фото: „ДНК“

Дуото „ДНК“ оваа година одбележува 20 годишен јубилеј, а прославата на роденденот почна точно во 19 часот на jутјуб-каналот на групата, кога во етерот беше пуштен новиот спот за песната „Ако утре ме нема“ што го снимија заедно со Џамбо Агушев и неговиот оркестар. Песната ја потпишуваат Лазар Цветковски и Панчо, во аражманот свој удел има и Џамбо, а спотот го режираше Кристијан Теодоров.

– Во реализацијата на спотот учествуваа многу наши пријатели, колеги, идоли од деството, кои без збор се согласија да се појават во оваа весела видео приказна, која за нас е едно од поубавите искуства во кариерата. Насловот на песната „Ако утре ме нема“ е симболичен, бидејќи животот стана многу неизвесен и не знаеме утре што ќе биде. Текстот ми стоеше долго во фиока. Имаше две верзии, првата не ни се допадна, ја одбравме втората и сигурен сум дека не згрешивме. Се надевам дека доста ќе се слуша и ќе донесе добро расположение. Драго ми е што и легенда какао Наум Петрeвски дојде да не поддржи, а еве го и тука на промоцијата. Она што беше Тоше во поп музиката, тоа е Наум за нардоната мзуика – рече Владимир Блажев алијас Панчо на денешната прес-конференција.

Наум Петревски на прес-конференцијата на „ДНК“

Во спотот се појавуваат и: Тони Михаjловски, Васко Тодоров, Миле Кузмановски и други познати личности.

Панчо и Андреј на денешната прес конференција најавија и турнеја со петнаесетина концерти, што веќе е во тек , која ќе финишира на 3 декември со голем концерт во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и издавање на нов албум.

Момците од „ДНК“ се познати по својата хуманост сите овие години, а велат така ќе биде и во иднина. По повод роденденскиот концерт до 2 јули, билетите ќе се продаваат по многу достапни цени, од 200 до 800 денари, по што нивната цена ќе се зголеми, од 350 до 1.000 денари.

– Ова е многу важен настан за нас, сосема спонтано почнавме, а еве стигнавме до 20 години. Пет генерации пораснаа со нас, а ќе бидеме тука за публиката се додека ги полниме салите и клубовите – рече Владимир Блажев алијас Панчо.

Фото: „ДНК“

Андреј Гиновски додаде дека всушност со Панчо се заедно 24 години, а љубовта што ја добиваат од обожавателите е доказ дека се на вистинскиот пат, по кој планираат да одат и во иднина.

И двајцата велат дека доживеале многу интересни случки во изминатите 20 години, повеќето убави, планираат да снимат и документарец за изминатиот период на естрадата, а атмосферата на нивните настапи секогаш за нив е најголемата награда.

Тие највија и многу гости на концертот, повеќето со кои снимиле песни, но и бројни изненадувања кои ќе ги откриваат потапно. М.Т.