Фото: инстаграм

Телото на младата манекенка било пронајдено распарчено, а деловите биле оставени во фрижидер во изнајмена куќа во Хонгконг.

Аби Чои (28) беше манекенка во подем од Хонгконг која ја красеше насловната страница на едно списание во Монако овој месец.

Полицијата дошла до ужасно откритие во куќа во село, на околу половина час возење од центарот на градот.

Откако упаднале во куќа изнајмена од нејзиниот поранешен свекор во петокот попладне, полицајците откриле две нозе во фрижидер, како и лична карта на жртвата, кредитни картички и други предмети, соопшти полицијата – пренесува британски „Сан“.

Во лонци со супа е пронајдено човечко ткиво, додека главата, торзото и рацете на жртвата не биле на местото на настанот, а станот бил внимателно уреден од ладнокрвните убијци.

– Во станот е пронајден алат со кој се распарчувале човечки тела, вклучувајќи мелници за месо, моторни пили, долги мантили, ракавици и маски – соопшти полицијата.

На јавноста ѝ беше кажано дека куќата ја изнајмил поранешниот свекор на Аби пред само неколку недели.

Полицијата уапсила тројца роднини на поранешниот сопруг на манекенката додека ја продолжуваат потрагата по него.

Изворите велат дека манекенката, која се појави на насловната страница на модниот магазин „Л’Офисиел Монако“ овој месец, последен пат била видена жива во вторникот во Таи По, надвор од Хонгконг, за време на кратко возење во близина на домот каде што биле пронајдени нејзините останки.