Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го развиори македонското знаме во морето кај популарниот туристички центар Хургада во Египет.
Нуркањето во Црвено Море е една од работите кои се препорачуваат при секоја посета на овој регион, а тоа го сторија и македонските нуркачи.
Температурата на водата ретко се спушта под 22 Целзиусови степени, дури и во длабоко во зимскиот период (декември-февруари). Во текот на летото, температурата на водата достигнува и 30 степени. Видливоста е исклучителна и достигнува максимални 40 метри, поради што областа наликува на огромен аквариум и овозможува извонредни подводни фотографии.