Лицата за кои велат дека се најпаметни се разликуваат од другите токму по начинот на кој ги решаваат проблемите. Можете да ги препознаете и по навиките што ги прават успешни.
Ги доведуваат во прашање дури и највкоренетите мислења и верувања. Интелигентните луѓе не веруваат во сѐ што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање верувањата, етичките норми и системот во кој живеат. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку размислуваат критички за сѐ пред да формираат мислење.
Тие сигурно не веруваат во сѐ што ќе слушнат од другите. Натпросечно интелигентните луѓе можат да гледаат низ лагата и да не дозволуваат другите да си играат со нив или да ги ставаат во неповолна положба. Принципите претставени како неоспорна вистина не им значат ништо – тие го имаат мислењето што го сакаат и си одат по својот пат во животот.
Не величаат никого. Натпросечно интелигентните лица ретко имаат идоли, затоа што не бараат модели што ќе ги водат низ животот. Тие знаат дека знаењето е најважно, па затоа се подготвени да учат од секој што ќе го сретнат. Никој не ги има сите одговори, па најинтелигентните се сметаат себеси за доволно паметни сами да ги сфатат работите.
Постојано учат. Оние со натпросечна интелигенција никогаш не се вистински задоволни со своето стекнато знаење, тие секогаш бркаат нови информации и искуства. Тие често ги фасцинираат другите луѓе со своето знаење и никогаш не се задоволуваат со просечност. Знаат дека знаењето е најмоќното оружје со кое можат да го разоружаат соговорникот.
Своите мисли ги спроведуваат на дело. Високоинтелигентните лица знаат дека мислите и идеите не се ништо ако останат само идеи. Ако сакаат да постигнат нешто во животот, тоа го прават со конкретни постапки. Самото размислување не носи резултати. Овие луѓе обично уживаат да смислуваат нови планови за да постигнат значителни промени во нивните животи.
Знаат да го ценат времето во тишина. Оние што се сметаат за најинтелигентни се свесни за важноста на осаменоста и одморот. Тие се убедени дека им треба повеќе време да се посветат на себе и начините за опуштање и регенерирање на умот, телото и душата. Тие знаат дека за да имате добри односи со другите, мора да имате добар однос и со себе.