Лекарите предупредуваат на здравствените последици од опасниот нов тренд што ветува „најдобар тен досега“, а сето тоа со помош на пиво. Нов тренд ги натера луѓето да се полеваат со пиво, обидувајќи се да добијат тен, а здравствените експерти апелираат на претпазливост. Овој таканаречен тренд ве изложува и на ризик од топлотен удар, труење со сонце и на смртоносен рак на кожата.
Видеата на Тикток од луѓе што се полеваат со пиво ги шокираа лекарите, кои велат дека пивото не прави ништо добро за вашата кожа. Всушност, недостигот од заштитни слоеви или крем за сончање дозволува штетните УВ-зраци да ја изгорат или да ја оштетат вашата кожа.
Во меѓувреме, Кетрин Клифорд, коосновачка на добротворната организација за подигање на свеста за ракот на кожата „Скцин“, за „Сан“ изјави дека тешко ѝ е да верува дека ова лудило постои, додавајќи дека оштетувањето од сонцето предизвикано со овој трик е силно поврзано со развојот на меланом – најсериозниот форма на рак на кожата.
Џејсон Голдберг, директор на „СпаСикерс“, пак, предупреди дека нанесувањето пиво на телото може да го направи телото подложно на труење со сонце.
Труењето со сонце е сериозна состојба, која обично е предизвикана од изложеност на ултравиолетово (УВ) зрачење. За разлика од благите изгореници, труењето со сонце обично бара медицински третман за да се спречат компликации како што се оштетување на кожата, топлотен удар и рак.
Исто така, потемнувањето со помош на пиво може да доведе до топлотен удар, чувство на вртоглавица, мачнина и висока температура, кои бараат лекарска помош, како и предвремено стареење.