Фото: Пиксабеј

Во жешките ноќи, за нашето тело станува тешко да го најде топлинскиот баланс и тоа значи дека тешко ќе заспиеме. И топлото време може да предизвика повеќе прекини во сонот во текот на ноќта, правејќи ги луѓето да се чувствуваат поуморни следниот ден. Лекарите од Институт за јавно здравје (ИЈЗ) советуваат да се создаде добар ритам на сон – да се легне порано, како и порано да се стане.

Идеалната собна температура за спиење е помеѓу 19-21 степени Целзиусови. Ноќната облека како постелнина, прекривки и пижами помагаат да се создаде микроклима околу нашата кожа која ја одржува оваа идеална температура.

-Затоа, ако прекривката со јорган е премногу, може да се претпочита тенок чаршаф за подобар ноќен сон. Изберете широка и памучна облека – велат од ИЈЗ.

Отворањето на прозорците исто така може да помогне ако дува благо ветре (доколку има соодветна заштита од инсекти), но надворешната бучава понекогаш може да биде негативен фактор за квалитетен сон.

-Пред спиење туширајте се со млака или ладна вода, или мијте ги вашите раце, нозе, лице и врат за полека да ја намалите телесната температура. Избегнувајте алкохол, кофеин и зачинета храна навечер, тие ја зголемуваат температурата на вашето тело, дирузеата (мокрењето). Следствено, се случува почесто будење, понеквалитетен сон и недоволно сте подготвени за утрешниот топол ден – советуваат од ИЈЗ.

Оттаму велат дека помага и доколку се испие најмалку една чаша вода пред спиење и во близинада се чува вода во текот на ноќта.

-Бидете информирани за топлотните бранови – додаваат од ИЈЗ.