Иако целулитот е сосема нормална појава кај жените, на некои особено им пречи тоа и се трудат да се ослободат од него. Постојат неколку намирници што не треба да ги консумирате претерано доколку сакате да ја намалите видливоста на целулитот.
Белиот леб е извор на натриум. Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДС), белиот леб е меѓу првите 10 извори на натриум во американската исхрана. Ако јадете бел леб, целиот тој натриум добива „партнери“ во создавањето на целулитот – рафинирани јаглехидрати. За да ги намалите шансите за целулит и здебелување, консумирајте леб од цели зрна.
Полномасната млечна храна, како сладолед, е богат извор на калории и заситени масти. Истражувањата покажаа дека само еден оброк богат со масти го оштетува васкуларниот систем. Прекумерното консумирање сладолед и други задоволства со висока содржина на масти ќе создаде дополнителен притисок во вашите крвни садови, што доведува до поизразена појава на целулит.
Крофните и колачите содржат масти, рафинирани јаглехидрати и натриум, кои, за жал, го прават совршениот „рецепт“ за целулит. Секако, од повремено консумирање пита со јаболка нема веднаш да добиете целулит на стомакот и нозете, но доколку јадењето на овие десерти ви стане навика, ќе забележите негативни последици.
Пицата не само што е богата со калории и заситени масти, таа е богата и со натриум. Негативно влијаат и сирењето моцарела, сосот од маринара и сувомесните производи. Така, натриумот предизвикува вашето тело да започне да задржува течност. Кога течноста се акумулира во крвните садови, тоа ги прави масните клетки на целулитот повидливи. Поради таа причина, најдобро е сами да си направите пица, користејќи храна со малку натриум и со додатоци од зеленчук.