Фото: Стефан Рајхл

Еден од најдобрите македонски гитаристи Игор Атанасовски – Харе, кој со години го негува гитарскиот блуз звук на нашата сцена, со својот бенд се подготвува за голем концерт што ќе се случи на 26 септември, четврток, во култниот скопски клуб „Маракана“.

На програмата ќе има песни од неговиот албум „Овердоуз од блуз“, и блуз класици кои што го инспирирале да биде она што е денес.

На сцената ќе го придружуваат врвните музичари: Трајко Симоновски – Бас. Филип Димишковски – Клавијатури. Бодин Попов – Тапани, а како што ни откри можни се и бројни изненадувања.

– Оваа средба со скопската публика ќе биде враќање кон корените, концерт од срце и за душа. Место вештачка интелигенција, ние ќе понудиме чиста емоција. Овој начин на спонтан контакт со публиката ништо не може да го замени. И не случајно ќе се случи во „Маракана“, тамо сеуште трае нашето ехо од пред многу години – вели Игор Атанасовски – Харе.

Влезници за концерттот ќе може да се набават на влезот во клубот „Маракана“.

М.Т.