Во 1922 година, британскиот египтолог Хауард Картер ја открил гробницата на Тутанкамон во Долината на кралевите, која се наоѓа на западниот брег на античкиот град Теба во Египет.
Кога Картер пристигнал во Египет во 1891 година, бил убеден дека има барем една неоткриена фараонска гробница. Египтологот соработувал со лордот Карнарвон. Тие долго време барале неуспешно, а во 1922 година лордот сакал да ја прекине потрагата и да се врати во Англија. Сепак, Картер го убедил да не го прави тоа.
Чекањето се исплатело. Картер наскоро наишол на првото од дванаесетте скалила што водат до гробот на Тутанкамон. Тој го повикал Карнарвон да оди што е можно поскоро. Тие двајца влегле во гробницата на 26 ноември 1922 година. Таму пронашле и богатства што биле недопрени повеќе од 3.000 години.
Потоа почнале да ги истражуваат четирите простории на гробницата, а на 26 февруари 1923, под надзор на официјални лица, отвориле златен саркофаг, во кој се наоѓало телото на Тутанкамон. Утврдено е дека гробницата била ограбена најмалку двапати, но само во периодот од неколку месеци по погребот.
Локацијата на гробницата била заборавена бидејќи поплавите ја покриле со камења. Во годините што следувале над влезот биле изградени колиби. Се разбира, никој не знаел што се наоѓа одоздола.