На 13. Средба на сојузот на извидниците на Македонија која заврши синоќа, учествуваа преку 800 извидници (од кои повеќето о беа од 16 земји од светот – САД, Италија, Франција, Изреал , Романија, Србија, Хрватска, Холандија….). На средбата присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Смотрата ја отвори претседателот Стево Пендаровски кој во своето обраќање истакна дека со задоволство е покровител извидничката смотра што годинава под мотото „Достигни ги височините“ се одржува во Крушево. Изрази честитки до Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia за одличната организација на настанот, но и за 7-деценискиот континуиран придонес во промовирањето активизам и здрав живот кај младите.
Кампот беше лоциран на ски-центарот во Крушево, а деновите на извидниците им беа исполнети со едукација, совладување на извиднички вештиини со изработка на ламби со батерија од соларни панели, правење водени бои од растенија, рециклирање хартија, запознавање на национален парк Галичица, одење на хајк за преживување, правење урда од млеко, месење пита, везење марами, вежбање народни ора и уште многу активности.
На завршната церемонија доминатни беа емоциите на младите скаути од разделбата со новостекнатите пријатели од десетдневното дружење но и аплаузите за организаторите, за главниот старешина на Смотрата – Лазар Апостолов и неговиот тим од СИМ и волонтерите.

Фото: Сојуз на извидници на Македонија