Фото: Пиксабеј

Добри вести за возачите

Потенцијалните купувачи што сакаат да купат нов автомобил ќе имаат корист од опциите за електрични возила на батерии (БЕВ) понудени од европските производители, чија цена ќе падне годинава. Прекините во синџирот на снабдување и побрзата достапност на новите автомобили во последниве години ќе ги доближат цените на електричните возила на батерии до очекувањата, а моделите на „Тесла“, „Ауди“, „Фиат“, „Волво“ и на БМВ ќе забележат пад на цените во 2024 година.
Откако светот излезе од карантинот поради пандемијата, создадена е пазарна можност за производителите на автомобили. Тоа им овозможи да се фокусираат на продажбата на електричните возила на батерии и да ги искористат предностите на повисоките профитни маржи. Нивната вкупна продажба беше намалена, ама тие сепак заработуваа добро поради високите цени на овие автомобили.
Во земјите на ЕУ, владините субвенции за купување електрични автомобили се при крај, што им сигнализира на производителите да ги намалат цените. Побарувачката за овие автомобили не е толку голема како за обичните. Во Германија, Норвешка и во Шведска потрошувачите се одлучуваат за поевтини алтернативи. Возачите исто така сè уште не ги дочекуваат електричните возила со раширени раце поради загриженоста за нивната безбедност, опсег и цена – загриженост што исто така ги спречува електричните автомобили да доминираат на пазарот.
Популарните електрични модели кај кои ќе има намалување на цените се „тесла модел Y“, „тесла модел 3“, МГ4, „шкода енаг“ и „БМВ i4“. „Тесла модел Y“ беше најпродаваното електрично возило во 2022 и 2023 година. Тој и „модел 3“ постигнаа поголем продажен успех во Франција отколку во Германија. Со оглед на недостигот од фабричко снабдување, производителите како БМВ и „Фолксваген“ мора да се свртат кон задржување на пазарниот удел наместо да ја надминат конкуренцијата, што ќе доведе до претстојниот пад на цените.
Не мора да чекате премногу долго, бидејќи компаниите известуваат за попозитивен изглед како што се приближуваме до 2025 година – што значи набрзо ќе можете да ги искористите намалените продажни цени.