Фото: Принтскрин/Официјална странцица на „Детскиот евросонг“

Победник на „Јуниорскиот евросонг 2022“ е претставникот на Франција, симпатичниот, мултиталентиран Лисандро. Тој на евровизиската сцена во Ереван, Ерменија, каде се одржа 20-от , јубилеен „Детски евросонг“ ја отпеа песната „Oh maman“ и направи вистинско мало шоу на сцената. Се искачи на врвот на табелата по двете гласања на националните жирија и по добивањето на онлајн гласовите во сооднос 50:50.

Второппасирана е Ерменија, годинашниот домаќин, а треторангирана беше Грузија.

Македонија, чии претставници годинава беа Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ е 14-та со вкупно 56 поени.

Сепак, можеме да бидеме горди на нашите годинашни претставници, кои со својата ивездба, харизма и талент дадоа се од себе убаво да нѐ претстават во Ереван.

Инаку, годинашното мото на фестивалот беше „Сврти ја магијата“, а за првпат годинава меѓу асистентите беше и роботот Роби.

Ерменија беше одличен домаќин, а сите 16 учесници оставија убав впечаток. Сите велат дека заедничката дружба изминатите денови и новите пријателства се најубавиот спомен што ќе го понесат од Ерменија. М.Т.