Фото: Фејсбук/Македонска Еспорт Федерација

Репрезентацијата на Македонија во „Кантер страјк ГО“  ја одбрани титулата светски шампион, откак беше подобра од Монголија со 3-1 во мапи, во финалето на Светското првенство одржано во Бали.

Македонските кантераши претходно ги совладаа и Аргентина, Германија, Русија и домаќинот Индонезија, на патот до финалето.

Македонската репрезентација ја сочинуваа Дамјан Стоилковски – „kyxsan“, Јане Апостолоски – „aidKiT“ , Александар Ќулукоски – „CacaNito“, Даниел Глигоров – „dan1“ и Павле Стојановски – „stYleEeZ“.