Езеро што се наоѓа во јапонскиот град Секи, до скоро не го привлекуваше вниманието на јавноста. Можеби локалното население љубоморно го чуваше само за себе, но плановите им ги расипа некој што пред неколку години поставил слики од езерото на интернет. Не требаше долго и љубителите на уметноста го споредија со сликата на францускиот импресионист Моне, наречена „Лотуси“, поради што безимената оаза почнаа да ја нарекуваат Езерцето на Моне.

Причината за оваа ласкава споредба е во фактот дека езерото е целосно проѕирно, а ги менува боите зависно од дневната светлина. Богато е со водни растенија, шарени рипчиња, тиркизна вода…