Најдобра вежба за подобрување на здравјето на мозокот се клекнувањата или други вежби за нозе со оптоварување, кои треба да се прават неколку минути секое утро. Иако не постои брз пат до подобро здравје или движење, експертите посочуваат дека можеме мудро да ги избереме вежбите што ги правиме и да ги избереме оние што бараат минимално планирање или опрема, но ветуваат значителни резултати.
Иако физичките придобивки од вежбањето се добро познати, ние често го занемаруваме долгорочното позитивно влијание што може да го има врз здравјето на нашиот мозок. И навистина не треба да работите напорно за да го добиете тој церебрален стимул.

Д-р Мајкл Мозли, неодамна во поткастот „Џаст уан тин“ на „Би-би-си“, објасни дека секој ден се обидува да прави некаков кардиотренинг за здравјето на срцето и белите дробови, но дека единственото нешто што би препорачал да го додадеме во нашата секојдневна рутина е тренингот за сила. Меѓу вежбите што ги истакна се и склекови, но и клекнувања, кои можат да ги подобрат функциите на вашиот мозок.
– Постои една фасцинантна нова студија за придобивките од тренингот за сила, како неколку минути дневен тренинг за сила каде што не ви треба посебна опрема, кој може да го подобри вашиот мозок, како и вашите мускули. Друга форма на вежба со отпор што ви препорачувам да се обидете да ја правите на редовна основа се клекнувања. Тоа е една од најдобрите вежби за подобрување на функцијата на мозокот на изненадувачки начин – рече тој.

Мозли препорачува да ги правите двете вежби наутро откако ќе станете од кревет.
– Тие ви овозможуваат вежбање за целото тело, му помагаат на вашето срце и дури можат да ја зголемат силата на вашиот мозок – додаде тој.
Студијата објавена во списанието „Фронтиерс ин неуросајенс“ покажа дека вежбите за нозе со оптоварување како што се клекнувањата испраќаат невролошки сигнали, кои се од витално значење за создавање нови, здрави мозочни клетки. Овие клетки потоа можат да ги подобрат вашето критичко размислување и целокупната когнитивна функција.