Медицински совет

Нова метаанализа (статистичко сумирање на резултатите на повеќе извршени истражувања) покажа дека секојдневното земање мали дози додатоци во исхраната со омега-3 може да го подобро здравјето на срцето.
Анализата е објавена во списанието „Клиникал нутришн“. Научниците анализирале 19 истражувања за тоа како омега-3 влијае на 97.709 волонтери. Забележан е значително помал ризик од смрт од болести на срцето кога луѓето земале две капсули омега-3 дневно. Меѓутоа, ефектите од земањето поголеми дози сѐ уште не се анализирани.
– Омега-3 масните киселини одамна се истакнуваат како особено корисни во борбата против кардиоваскуларните болести. Добро е што сега знаеме која е препорачаната дневна доза. Ќе продолжиме да ги истражуваме позитивните ефекти на овие додатоци во исхраната – вели нутриционистот Џинџер Халтин.
Докторката Џули Ептон наведува дека препорачува омега-3 додатоци што содржат најмалку 500 милиграми еикозапентаенска (ДХА) и докозахексаенска (ДХА) киселина.