Прашањето дали системите за вештачка интелигенција можат да бидат свесни е сè поважно бидејќи нивниот напредок е неочекувано брз.
Вештачката интелигенција (ВИ), се чини, е сè поголем дел од нашите животи. И додека „мозокот“ на вештачката интелигенција собира трилиони податоци и се обидува нејзиниот тон да звучи што е можно почовечки, многумина се прашуваат дали компјутерите стануваат свесни.
Циниците велат, секако дека не: компјутерите решаваат проблеми за секунди за кои на луѓето би им биле потребни генерации, но тие не можат да почувствуваат љубов и болка, не можат да им се восхитуваат на Месечината и ѕвездите, не можат да го мирисаат кафето што го истураме на тастатурата. Меѓутоа, многу лица мислат дека треба појасно да се дефинира што значи свеста. Дали постојат различни степени на свест и дали постојат сличности меѓу луѓето, животните и интелигентните машини? Затоа 19 невронаучници од САД, Англија, Израел, Канада, Франција и од Австралија го истражуваа ова прашање и го објавија во студија достапна на серверот „арХив“.
Оваа тема е во центарот на вниманието откако пред две години еден од научниците на „Гулго“ беше отпуштен поради тврдењето дека ЛаМДА, претходникот на четботот Бард, бил свесен. Една година подоцна, еден од главните научници во „ОпелАЛ“, кој го разви сега познатиот ЧетГПТ, шпекулираше дека развиената вештачка интелигенција е барем делумно свесна.
– Прашањето дали системите за вештачка интелигенција можат да бидат свесни е сè поважно. Напредокот на вештачката интелигенција е неочекувано брз, а многу истражувачи користат функции поврзани со свеста во човечкиот мозок за да ги подобрат способностите на вештачката интелигенција. Во меѓувреме, подемот на системи за вештачка интелигенција што убедливо имитираат човечки разговор наведува многумина да мислат дека системите со кои комуницираат се свесни. Во оваа студија веруваме дека свеста за вештачка интелигенција најдобро се проценува со помош на невронаучни теории за свеста – изјави тимот на научници во студијата „Свеста во вештачката интелигенција: поглед низ науката за свеста“.
Тие наведуваат дека некои ја потценуваат можноста за свесност за вештачката интелигенција, други ја преценуваат.
– Според народното разбирање, свеста е поврзана со слободната волја, интелигенцијата и способноста да се чувствуваат човечки емоции како што се емпатија, љубов, вина, лутина и љубомора. Проучивме неколку научни теории на свеста, вклучувајќи ги и теорија на моментална обработка, глобална работна теорија, теорија на повисок ред, предвидувачка обработка и теорија на шема на внимание. Од нив развивме индикатори за свесност. Ги искористивме за да оцениме неколку тековни системи и како идните системи би можеле да ги имплементираат. Нашите анализи покажуваат дека ниту еден од тековно развиените системи за вештачка интелигенција не е свесен, но во исто време покажуваат дека нема јасни технички бариери што би ја спречиле изградбата на систем за вештачка интелигенција, кој би ги задоволил сите индикатори – се наведува во студијата.
Како што додаваат научниците, нивниот заклучок е дека постои сериозна можност да се развијат системи за свесна вештачка интелигенција релативно наскоро – во наредните децении.