Mакедонски хипхоп клуб, „Брејк а лег“ (Break a Leg), кој брои повеќе од 400 членови, се закити со три титули на Европското првенство во хипхоп 2022 на кое учествуваа над 1800 танчери, од 21 земја од Европа.
Танчерите од „Брејк а лег“ се прогласени за европски шампиони во категорија хипхоп бетл за деца и возрасни, како и европски вицешампиони во категорија деца-формации, во конкуренција на 11 репрезентации.
Следен предизвик за танчерите од „Брејк а лег“ е Светското првенство во хипхоп, кое ќе се оддржи во Австрија.
„Брејк а лег“ заедно со „Ит д бит“ (Eat the Beat) се организатори и на Европското првенство во џез – модерен и класичен балет, со што нашата земја повторно ќе ги обедини најдобрите танчери од Европа.