Том Хенкс (63), еден од најпопуларните актери во Холивуд, во јануари 2020 година ќе добие награда за животно дело од организаторите на „Златните глобуси“.

Холивудското здружение на странски новинари (HFPA) во вторникот објави дека на познатиот актер и продуцент ќе му биде врачена почесната награда „Сесил Б. Демил“ на церемонијата на доделувањето на наградите „Златен глобус“ на 5 јануари 2020 година во Беверли Хилс.

Шеесет и тригодишниот актер во филмската индустрија се проби глумејќи во филмот „Биг“ во 1988 година, во кој игра еден млад човек кој се буди во тело на возрасен. Тој е добитник на „Оскар“ и „Златен глобус“ за неговите улоги во „Филаделфија“ и „Форест Гамп“.

– Повеќе од три децении, Хенкс ја воодушевува публиката со богатите и игриви ликови што ги засакавме и на кои им се восхитуваме. Тој е подеднакво убедлив и на филмското платно, но и зад камерата како писател, продуцент и режисер. Чест ни е што го вклучивме Том во примери како Опра Винфри, Џорџ Клуни, Мерил Стрип, Мартин Скорсезе и Барбра Стрејсенд – рече претседателот на здружението, Лоренцо Сорија.