Недостигот од мотивација да се почне, па дури и да се продолжи со вежбање е еден од главните проблеми со кои се соочуваме во моментот. Причините се познати, држење дистанца, заштита од коронавирусот, неможност да се посетуваат вежбалници, ниски температури…
На пример, повеќето луѓе си поставуваат цел да ослабат, што е погрешно. Ние треба да пристапиме кон вежбање на поинаков начин – паметно и смислено.
За почеток, целта „како да изгубам 10 килограми до лето“ не е ниту реална ниту продуктивна. Тежината е само дел од сложувалката. Вежбањето треба да почне да се гледа како начин за одржување на здравјето и инвестирање во него. Додека вежбаме, нашето тело се менува не само однадвор, туку и однатре. Ги подобруваме метаболизмот и работата на целиот организам. Одржувањето на телото во форма значи дека ќе изградиме силен имунитет, така ќе биде полесно да се бориме или целосно да избегнеме настинка и некои сериозни болести. Здравјето денес се цени и треба да сториме сѐ што можеме за тоа.

Редовното вежбање го зголемува имунитетот, што само по себе е доволна причина да најдеме време секоја недела да му се посветиме на нашето тело. Исто така е познато дека вежбите го зголемуваат нивото на серотонин, т.н. хормонот на среќа. Додека надвор е ладно и темно, скапоцено е да се има алатка што ќе го победи лошото расположение. Десет минути на ден се доволни за да се активирате, но и да го зголемите расположението и да почувствувате наплив на мотивација. Ова е особено корисно ако утрото го поставиме како време на вежбање. Не само што ќе се расониме туку и ќе се чувствуваме подобро затоа што сме ја завршиле таа задача. Ќе имаме енергија за остатокот од денот, како и мотивација, затоа што денот го почнуваме со успех. Не вежбајте затоа што сметате дека треба да го намалите обемот на половината, туку затоа што сакате да се чувствувате добро секој ден.
Следењето на вашиот напредок со текот на времето ќе ја зголеми и вашата самодоверба.