За да се наруши празничната монотонија и во време на полицискиот час, кога се води беспоштедна борба за сузбивање на коронавирусот, Општина Кичево во соработка Х-Kreative и Room 8 – бар, организира онлајн музичка дружба во домовите на граѓаните. Музичката програма ќе ја подготват локалните диџеи Дарко Цветаноски и резидентен Room 8, тие ќе пуштаат музика на Китиното Кале, од каде на Интернет музиката ќе прозвучи и во домовите на кичевци. Затоа од ЕЛС апелираат, во периодот на 20.30 до 22.00 часот граѓаните да излезат на своите тераси и да уживаат во музичкиот избор на диџеите.

Ова е за првпат во Кичево да се организира онлајн-забава, која се очекува да ги задоволи вкусовите на сите граѓани кои вечерва ќе останат во своите домови. З.А.