Во рамките на задолжителните воени активности во пресрет на 18-ти роденден, норвешката принцеза Ингрид Александра, ја посети базата на кралското воено воздухопловство на Норвешка во Бодо, каде што леташе со борбен авион Ф-16.
Ингрид Александра е ќерка на норвешкиот престолонаследник, принцот Хакон, и е втора по ред за тронот.


Во 1990 година Норвешка го промени правилото за наследство на првороденото машко, па Ингрид Александра еден ден ќе биде првата жена на чело на норвешката монархија по кралицата Маргарет, која владееше со Данска, Шведска и Норвешка кон крајот на 14 и почетокот на 15 век.

Според правилата, сите членови на кралското семејство мора да поминат одредена воена обука и да се запознаат со воените можности на државата, па така Ингрид Александра ја посети 331-та ескадрила во базата во Бодо, каде што имаше единствена можност да се најде во пилотската кабина на борбен авион Ф-16 и од небото да ги набљудува огромните пространства на северна Норвешка. Нејзиниот татко и тетка Марта Луиз исто така летале со воените авиони Ф-16.

Претходно, таа ги поминала задолжителните лекарски преглед за да добие дозвола да лета и да ја проучува рутата.

Кралските норвешки воздушни сили споделија слика на принцезата Ингрид Александра, истакнувајќи дека ова е веројатно ова ќе биде последниот кралски лет на задното седиште во авионот, бидејќи постојната ескадрила во јануари ќе биде заменета со авионите Ф35 кои се едносед.


Идната кралица на Норвешка е спортски тип, обожува скијање, кик-бокс и спортови на вода, а минатата година го освои државното јуниорско првенство во сурфање.