Мартин Брч како продуцент учествувал во креирањето на девет познати албуми на Ајрон Мејден, и соработувал со Блек Сабат, Дип Парпл, Флитвуд Мек и други познати музички имиња, објави „Гардијан“.

Хард-рок „генијалецот“ чиј светол, но во исто време тежок звук, бил применет во музиката на познатите бендови, почина на 71-годишна возраст. Не е објавена причината за смртта.