Британската кралица Елизабета на телефон се јавува само ако ја повикаат две личности во тесна врска со кралското семејство.
– Кралицата има ограничена листа на луѓе на кои може да им се јави – откри кралскиот стручњак Џонатан Сакердоти, во текот на неодамнешна епизода на поткастот „Ројали ас“.
Тој додава дека таа на телефон им се јавува само на својата ќерка, принцезата Ана, и на менаџерот за коњски трки, Џон Верен.
– Тоа значи дека тие двајца можат да разговараат со неа од кое било место на светот – додал Сакердоти.
Верен му е зет на големиот пријател на Елизабета Втора, покојниот гроф од Карнарвон. Инаку, таа е најдолговечниот британски монарх и следната година треба да го прослави својот јубилеј – 70 години на престолот.