По веселбата, но и напнатиот период за време на организацијата на свадбената веселба, младата брачна двојка обично планира да замине на своето прво патување заедно. Многумина се прашуваат како настанал овој обичај по свадбата. Трагите од овој обичај водат до Сумерите кога на млада брачна двојка ѝ било дадено она што било највредно во тоа време – мед. Обичајот диктирал дека следниот месец, младите треба да се посветат на себеси и на создавањето потомство, и за сето тоа време да консумираат мед.
Некаде има приказна дека била киднапирана невестата и следниот месец младоженецот ја криел од лутите роднини и за тоа време јаделе мед.
Во петиот век, различните култури го практикувале лунарниот календар и сè било утврдено според него. Вообичаено било кај германското племе Тевтонача да се омажат младите за време на полна месечина. Потоа, брачната двојка се повлекува до следната полна месечина. Во тоа време, младенците пиеле медова ракија, за која се верувало дека има афродизијачки својства. Овој обичај постоел и во Вавилон.
Самата етимологија на зборот е многу јасна: месец кога млад брачен пар ужива да живее заедно, кога животот им е меден. Овој збор првпат е запишан во 1542 година кога Семјуел Џонсон напишал:
„Првиот месец по венчавката, кога нема ништо друго освен нежност и задоволство“.
Англиската кованица од зборови „хани мун“ често се користеше во саркастична смисла, со предупредување дека со „изгревањето на Месечината, се раѓа и љубовта“.
Во Велика Британија во 19 век, било вообичаено една млада двојка да го користи својот меден месец за да оди на свадбена турнеја во посета на пријатели и членови на семејството, кои не можат да присуствуваат на венчавката. Оттогаш, па до денес, останува младите да одат на своето прво заедничко патување по венчавката.