Животни

Постојат многу анегдотски докази што укажуваат на тоа дека животните можат да предвидат природни непогоди, а и многу луѓе тврдат дека нивните кучиња или мачки биле вознемирени непосредно пред да се случи земјотрес. Меѓутоа, и покрај мноштвото тврдења, неодамнешна студија сугерира дека животните немаат вистински предвидливи способности кога станува збор за земјотресите.
Студијата е објавена во Билтенот на сеизмолошкото друштво на Америка и се фокусира на претходните тврдења на лица што наведуваат дека нивните миленици покажуваат способност да предвидат земјотреси пред да се почувствува потрес. Истражувачите брзо откриле дека повеќето тврдења немаат конкретни научни податоци за да ги потврдат.
– Постојат многу рецензии за потенцијалот на животните да предвидат земјотрес, но, според нашите сознанија, ова е првпат да се користи статистички пристап за процена на податоците – објаснува Хеико Воит, главен автор на студијата.
Многу претходни набљудувања за наводниот феномен се малку повеќе од тврдењата на луѓето што веруваат дека нивните животни се однесувале невообичаено пред земјотресот.
Научниците забележуваат дека земјотресите навистина може да предизвикаат дефинитивен одговор кај животните, но поради недостиг од податоци, сè уште не е можно да се докаже тоа.