На официјалниот профил на Инстаграм на британското кралско семејство е објавена порака по повод смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора.

Во него се цитира изјавата на кралицата од 1997 година на прославата на годишнината од нивниот брак.

– Тој едноставно беше моја сила и прибежиште сиве овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал или што некогаш ќе дознаеме – рече кралицата во таа прилика, а денеска беше реобјавено како порака на Елизабета по повод смртта на нејзиниот сопруг.

Објавата на социјалните мрежи вклучува и заедничка фотографија од кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Војводата од Единбург помина скоро седум децении со кралицата.

– На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, принцот Филип се заколна дека ќе биде „поданик и поддршка на нејзиното височество – се додава во соопштението.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина вчера на 99-годишна возраст.