Повеќе од една деценија од неговата премиера, „Аватар“ е повторно филм со најголема заработка на сите времиња – откако ја поврати посакуваната титула од марвеловиот „Одмаздници: Ендгејм“.

Научнофантастичниот блокбастер на Џејмс Камерон успеа да го постигне импресивниот подвиг изминатиот викенд благодарение на повторното прикажување во Кина.
Епската научнафантастика на Џејмс Камерон дебитираше во 2009 година и ја држеше глобалната титула во боксофисот цела деценија, сè додека не беше надминат од „Одмаздници: Ендгејм“ во 2019 година.

По повторното објавување на „Аватар“ во најголемиот светски пазар за гледање филмови – Кина, вкупната продажба во светот се зголеми на 2,8 милијарди долари изминатиот викенд.

„Аватар“ го узурпираше филмот за епската романса и катастрофа „Титаник“, во режија и сценарио на Камерон, за да стане филм со најголема заработка во историјата на кинематографијата уште во 2010 година.

Во процес на изработка се четири продолженија на „Аватар“. Премиерата на следниот од серијалот „Аватар“, кој неколку пати беше одложен, сега е закажана за декември 2022 година.

Кина е филмски пазар со најдобри перформанси од избивањето на пандемијата, коментираат медиумите.