Конечните резултати од изборите во двете германски покраини потврдија дека десноцентристичката Христијанско-демократска унија беше убедливо поразена на вчерашните избори од партијата на двајца гувернери на власт во тие земји – Винфрит Кречман од зелената партија во Баден-Вуртемберг и Мала Дрејер од левиот центар на Социјалдемократска партија во областа Ралјанд-Пфалц.

Сега, како што анализират германските медиуми, ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел размислува како да одговори на историски лошите изборни резултати во двете сојузни држави, кои еден партиски функционер ги нарече повик за будење шест месеци пред националните избори кога треба да се да донесе одлука за канцелар наследник.

ЦДУ на Ангела Меркел ја изгуби поддршката со речиси осум процентни поени во оние две земји што некогаш беа нејзини упоришта, но одамна излегоа од нејзина контрола. ЦДУ освои 24,1 проценти од гласовите во Баден-Вуртемберг и 27,7 проценти во Рајланд-Пфалц, што е најлош резултат од Втората светска војна, пишуват медиумите.

Според нив, владата на Меркел се соочува со незадоволство поради бавниот почеток на вакцинацијата во земјата, а повеќето ограничувања остануваат во сила и бројот на нозозаразени од коронавирус повторно расте.

Нејзиниот блок на десниот центар беше исто така погоден во последните неколку недели од обвинувањата дека неколку пратеници профитирале од договорот за купување маски на почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Партијата допрва треба да одлучи кој ќе се кандидира за наследник на Меркел на парламентарните избори на 26 септември.

Меркел, која е на власт од 2005 година и долго привлекуваше гласачи, нема да се кандидира за петти мандат.