Езеро во Индија, формирано по пад на метеорит и старо повеќе од 50 илјади години, стана розово, а експертите сè уште немаат објаснување зошто се случило тоа. Езерото Лонар во државата Махараштра одеднаш ја сменило бојата, на изненадување на луѓето што живеат во областа.
Експертите сметаат дека причината може да биде зголемувањето на соленоста на водата, процентот на алги или комбинацијата на тие два фактори, како што се случи со Големото Солено Езеро во Јута или езерото Хилие во Австралија.
Гајанан Карат, локален геолог, вели дека тоа се случувало и порано, но дека не било толку изразено.
– Изгледа езерото е розово оваа година затоа што соленоста е зголемена – истакнува тој, додавајќи дека количеството на вода во езерото е намалено, а соленоста е зголемена и тоа е причината за тие промени.
Карат напомена и дека научниците го испитуваат присуството на црвени алги и дали тоа е причината за промена на бојата на водата. Примероците биле испратени до неколку лаборатории, а кога ќе се проучат, само тогаш ќе може да кажат со сигурност зошто водата во езерото станала црвена.
Езерото, кое се наоѓа на околу 500 километри од Мумбаи, било формирано откако метеорит паднал на Земјата пред околу 50.000 години. Научниците во светот со години го истражуваат, а со текот на времето стана популарна туристичка атракција.