Фото: Приватна архива

Младата авторка Ивана Танев деновиве ја издаде својата нова книга, насловена „Светлина на мојот пат“. Се работи за стихозбирка, нејзина петта книга, како самостоен автор, а во две учествувала со група автори.

Последната збирка е посветена на нејзиниот животен сопатник. Во стихозбирката се застапени поеми со љубовна тематика, за кои рецензентката Оливера Ширговска, ќе рече дека нивното читање одекнува како „прекрасен лирски мелос надополнет со силни чувства и емпатија“.

– По подолг престој во Германија и заминувањето од родниот град Пехчево, Ивана Танев деновиве има неодолива желба да не почести со ново дело. Покрај љубовните поеми, секако свое место ќе најдат и поемите кои зрачат со носталгија по најмилите, семејството и родниот крај .Иако километри далеку, сепак поетесата пронашла сили и со трепетна душа го воспеала љубовниит мелос и роднокрајните бранувања .Да го поздравиме ова ново дело на Ивана Танев и’ да и посакаме успех во натамошното творештво – пишува рецензентката на книгата“, Оливера Ширговска

Промоцијата во Македонија ќе се случи наскоро, кога Ивана ќе дојде во татковината.

М.Т