Независниот театар „Златен Елец“, на 20 февруари, од 18 часот, во социјалниот центар „Дуња“, прославува две години постоење.
Роденденот ќе се одбележи со претставата „Дневникот на лудиот 1“, од 18 часот. Станува збор за монодрамата од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски.
Од 20 часот следува комедијата „Уан во/мен шоу“ (Оne wo/man comedy show).
Многу теоретичари што се занимаваат со смеењето и со создавање насмевки велат дека смеењето е произлезено од надминат очај. Кога си очаен и кога ти е тешко, ако знаеш тоа да го свртиш кон себе и да го насочиш вниманието на украсување на очајот со некаков дух, тогаш стануваш духови, се зборови на Лане Гутовиќ, со кои „Златен Елец“ ја навестува претставата.
Во овој перформанс актерката многу искрено ни се приближува и нѐ запознава со проблемите на една припадничка на женскиот пол во ова општество.
– Наметнатите идеи и вредности, како и суровата борба за свој сопствен избор, кои резултираат со неправда, таа ги изнесува на тапет и умешно ги иронизира – пишуваат од „Златен Елец“.