Фото: МСУ

„Бела книга на темнотиите на душата“, новата книга на психологот и универзитетскиот професор Мирослав Пендаровски вчера ја доживеа својата промоција.

Книгата е склоп од триесет и осум дела од кои дваесет и четири се текстови во вид на есеи и колумни, девет се песни и поеми, а во неа се објавени и пет интервјуа. Најголемиот дел од текстовите се објавени во електронски или печатени медиуми или јавно на социјалните мрежи и профили на авторот. Сите дела се оригинални дела на авторот. Воведот е во текст во кој се вткаени сите наслови на текстовите од книгата, меѓусебно поврзани по смисла.

-Посветено е било кому… – вели Пендароски.

Фото: МСУ

Промоцијата ја водеше Рашела Гинова, а промотори беа и проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ и Наташа Бошковска Златкова, новинар и уредник во „Нова Македонија“. Свое обраќање преку видео имаше и актерот Марјан Георгиевски.

Фото: МСУ

Книгата е издание на Меѓународен центар за славјанска просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет.