фото: Нова Македонија

Во Музејот на македонската борба се одржа промоција на монографијата „Македонски народни носии“ од авторот проф. д-р Владимир Јаневски.

Покрај монографијата имаше и изложба на фотографии на кои беа претставени македонски народни носии од сите краишта на Македонија, вклучително од егејскиот и пиринскиот крај.
Автор на фотографиите е Александар Даутовски, а пред присутните се обрати и академик Катица Ќулавкова, која истакна дека монографијата има извонредно значење за понатамошно негување на македонските национални особености.