Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп љубителите на уметноста од денеска па во наредните две недели ќе можат да ја разгледаат изложбата-инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните и негови зложби во кои рециклирањето има примарно значење.

– Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со
урбани и архитектонски затворени простори – објаснува авторот.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во Прилеп и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии. Ка.М.