Македонскиот народен театар со претставата „Иванов“ од авторот А.П. Чехов, а во режија на Зоја Бузалковска, учествуваше на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Вчера се одржа и промоција на театарска и театролошка литература – „Иванов 1887/1889: две верзии“, А. Чехов, на која говореше главната уредничка, Зоја Бузалковска, а потоа следуваше и тркалезна маса.
Во официјалната фестивалска програма, која ќе трае до 14 јуни, ќе учествуваат претстави во продукција на националните театри и претстави во придружната програма.
Улогите во претставата „Иванов“ ги играат: Драгана Костадиновска/Софиа Насевска-Трифуновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Исидор Јовановски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ, Синан Ракиповски и Енис Билаловиќ.
Исто така, традиционално во рамките на фестивалот ќе се додели и наградата за животно дело за актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности при УКИМ од Скопје (во пензија), Мими Таневска-Србиновска, која својата уметничка кариера ја помина токму во Македонскиот народен театар.