Прилепчани, особено учениците, пројавија голем интерес за посета на осумте музејски поставки во Завод и музеј – Прилеп, по повод 18 април – Светскиот ден на
културно наследство, кој годинава се одбележува под мотото „ Промените на културното наследство“, што ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени.

Влезот денеска е бесплатен, па голем број граѓани, ученици од самото отворање на музејските поставки, поитаа да разгледаат со какво богатство располага прилепската културна институција. Од кустосите беа информирани за секоја поставка, за нејзиното значење…

На ваков начин се подигнува свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на заштитата, чувањето и афирмацијата на богатството откриено преку
археологијата. Ка.М.