Фото: Сашо Ставрев

Излезе од печат шестта книга на младата писателка Маријана Митревска од Ресен. Станува збор за продолжение на нејзниот прв роман „Ангел чувар“, според авторката работен по примерот на делата на познатите автори Џејмс Редфилд и Ден Браун.

Во „Ангел чувар“, Митревска преку два измислени ликови пишува за духовноста, историјата, музиката, кралството Македонија, за симболика, хералдика, Стариот и Новиот завет, но и за модерно време. „Дневниот на Мери Ен“ е продолжение на оваа книга и третира исти теми, но авторката овај пат се фокусира на вистината и духовното ослободување. Таа се враќа на детството, во тинејџерските години, но пишува и за трансформацијата на човековата душа, го „гледа“ невидливото… Маријана на страниците на ова дело ги спомнува и македонските светители, пишува за големите христијански празници, за значењето на боите, а објаснува и зошто главната хероина од Алберта го менува името во Мери Ен.

,,Ангел чувар“ иако е на 186 страници се чита во еден здив и веќе се размислува за печатење на втор тираж, додека „Дневникот на Мери Ен“ на своите 120 страници е збирка на разкази и поеми.

Маријана Митревска (32) е родена во Битола, а живее и твори во Ресен, каде го завршува основното образование. Школувањето го продолжува во Битола и во Охрид. Освен проза, пишува и поезија. Во книгата „Сите мои песни“ е застапена поезија за возрасни, со која ја освои втората награда „Душа на чаршијата“ на конкурсот „Книжевни меридијани“ во Битола. Набрзо ја издава и втората стихозбирка со песни за деца – „Учиме со песна“, а третата книга „Божји патеки“ содржи духовна поезија. Поетесата е организатор и уредник на книгата „1.200 молитви“ посветена на Тоше Проески, кој за неа е голема инспирација. Митревска за своите песни добила повеќе нагарди.