Во Брисел денеска е одлучено дека норвешкиот град Бодо ќе биде европска престолнина на културата за 2024 година. Ова беше објавено во Музејот на Домот на европската историја во Брисел. Покрај Бодо, во конкуренција беа и Бања Лука и Мостар.

– Сите три града докажаа дека заслужуваа да бидат во финалето, што го отежнуваше изборот – беше истакнато на церемонијата.

Нагласено е дека е направено многу во изминатите две години и дека има големи промени во земјите апликанти.

– Целата енергија што ја собравте за време на овој процес нема да се изгуби, но само еден град може да ја добие оваа титула, а тоа е Бодо. Ова беше најтешката одлука досега, да се одлучи за најдобриот град од две сосем различни држави. Сите три града докажаа дека заслужуваат да бидат во последната рунда. Тие оставија голем впечаток и тоа ја направи нашата одлука многу потешка – се вели во соопштението.