Светот е сцена

Слика на мексиканската уметница Фрида Кало беше продадена на аукција во „Сотби“ во Њујорк за рекордна сума. Сликата со наслов „Диего и јас“ е продадена за 34,9 милиони долари, што е рекордна цена за дело на уметници од Латинска Америка. Претходниот рекорд беше во сопственост на Диего Ривера, со кого Кало имаше долга и турбулентна врска со децении, а неговата слика беше продадена за 9,75 милиони долари во 2018 година.
„Диего и јас“ е еден од последните автопортрети насликани од Кало, а кој го отсликува нејзиниот сопруг Ривера над нејзините очи. Тоа се смета за едно од нејзините најважни уметнички дела. Купувачот е Едуардо Ф. Косантини, основач на музеј во Аргентина. Последен пат сликата беше продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милион долари.
Кало се смета за една од најголемите сликарки на 20 век и е позната по нејзините интимни автопортрети што прикажуваат болка и изолација. Таа живеела помеѓу 1907 и 1954 година и гордо ја промовирала мексиканската култура преку нејзината уметност. Темата на нејзините дела е и нејзината болна поврзаност со телото поради хендикепот од детската парализа и тешката повреда по сообраќајна несреќа во автобус.