Фото: Принтскрин

Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа „лага“ – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна.

– Некои држави немаа многу транспарентна политика, не го поддржаа нашето членство во НАТО и тоа беа едноставно лажни зборови дека Украина ќе биде во НАТО. Верувам дека позицијата на Германија и Соединетите Американски Држави беше слаба бидејќи тие имаа дијалог со Русите и верувам дека го загубија тој дијалог. Тие изгубија затоа што секогаш се повикуваат на тоа дека порано имало некакви договори со Русите – им рече Зеленски на новинарите во Давос, пренесува „РБК Украина“.

Според него, западните земји претходно воделе „не многу визионерска политика“, давајќи лажни ветувања за влез на Украина во НАТО, бидејќи по децении интеграција во алијансата тоа никогаш не се случило.