Володимир Зеленски / Фото: ЕПА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.

– Добар состанок. Еден на еден, успеавме многу да разговараме. Се надеваме на резултати од разговорот. Заштита на животите на нашиот народ. Целосен и безусловен прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на нова војна – напиша Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека тоа бил „многу симболичен состанок кој има потенцијал да стане историски, ако постигнеме заеднички резултати“.

Зеленски и Трамп имаа 15-минутна средба во базиликата Свети Петар, пред погребот на папата Франциск. Потоа Зеленски и Трамп, исто така во базиликата Свети Петар во Ватикан имаа средба и со францускиот претседател и британскиот премиер, Емануел Макрон и Кир Стармер.