Фото: Твитер/Зеленски

Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Дњепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

– Вака изгледа нашето секојдневие и вака Русија се подготви за оваа седница на Советот за безбедност на ОН – рече Зеленски преку видеоврска.

Според него, во ракетните напади има и мртви и повредени, а не се знае конечниот број на жртви од руските акции во областа Дњепропетровск.