Фото: Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска да им се исплати по 10.000 рубљи (околу 167 евра) на семејствата со деца на окупираните украински територии.
Според соопштението на Кремљ, ќе се исплатат семејства со деца на возраст од 6 до 18 години кои живеат во регионите Запорожје, Харков и Керсон, како и во самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.
Семејствата чии деца одат на училиште на територии под руска окупација треба да ги добијат парите до 15 септември.