Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена зима, синоќа апелираше до Украинциите за истрајност и отпорност.

– Непријателот многу се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотиите дел од неговиот ужас. Мораме да направиме сѐ што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова – рече Зеленски во својата редовна секодјенвна ноќна видео порака до сонародниците.

Да се ​​издржи оваа зима, рече Зеленски, значи да се издржи се.

Русија има предност во проектили и артилерија, посочи украинскиот претседател.

– Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација – нагласи Зеленски.

Украинскиот народ се бори за слобода и ја брани вистината, вели тој.

-За да ја преживееме зимата, мора да бидеме поотпорни и обединети од кога било порано – додаде украинскиот претседател во своето редовно видеообраќање до Украинците.