Фото: ЕПА

Единаесет лица се загинати, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање во центарот на Прага.

Пукање во центарот на Прага, има мртви и повредени

Целиот плоштад Јан Палах и околината се целосно затворени, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути.

Според портпаролката на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет Тереза Маркова, на персоналот и на студентите им е наложено да се затворат во канцелариите и училниците. Таа нема подетални информации, дури ни за бројот на студенти и вработени кои требало да бидат таму.

Според изјавите на сведоците на социјалните мрежи, пукотници се слушале и надвор и внатре во зградата. Стрелецот се движел на четврти кат и на покривот. Некои луѓе се качиле на прозорците и се држеа за праговите, други избегаа на покривот, други се забарикадирале.

„Напаѓачот е мртов, чекам да ме евакуираат. Се молам да сум жив. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори“, твитна еден корисник, додавајќи слика од забарикадирана врата.

Градските власти информираат дека на местото на настанот се наоѓаат и психолози кои веднаш можат да укажат помош на засегнатите.