Фото: Принтскрин

Илон Маск кој е сопственик на „Спејс Икс“ соопшти дека компанијата сега има речиси сто активни сателити што овозможуваат интернет-услуга на „Старлинк“ во Иран, три месеци откако преку Твитер најави нивна активација поради тамоните протести.

– Се приближуваме до сто активни ’Старлинкс’ во Иран – твитна Илон Маск во понеделникот.

Милијардерот во септември изјави дека ќе ги активира сателитите „Старлинк“ во Иран како дел од напорите на САД да ја „зголемат слободата на Интернетот и слободниот проток на информации“ за Иранците.

Широкопојасен интернет обезбеден преку сателити, може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до Интернет и одредени социјални медиуми.

Исламската република ја зафати бран протести што избувнаа откако 22-годишната Махса Амини која беше уапсен од полицијата поради „несоодветна облека – почина во полициски притвор во септември.